MIGRANTI

16.04.2025 Скопје

Европската комисија подготвува документ со кој ќе предложи седум држави да бидат прогласени за „безбедни трети земји на потекло“ во кои членките на ЕУ ќе можат да ги префрлаат барателите на азил.

Според овој документ, листата на безбедни земји ја сочинуваат Бангладеш, Египет, Индија, Колумбија, Косово, Мароко и Тунис.

Листата треба преку амандман да биде вклучена во Регулативата за процедурите на азил на ЕУ, која е дел од Миграцискиот пакт усвоен минатата година, и веројатно ќе почне да се применува од 2026 година.

Конечната листа на „безбедни трети земји на потекло“, според најавите, се очекува да биде објавена најдоцна до јуни.

Овој документ е замислен како надополнување на предлогот за концептот на безбедна трета земја, врз основа на кој членките на ЕУ ќе можат барателите на азил да ги испраќаат во држава каде што би биле безбедни, наместо да останат во земјата во која аплицирале за азил додека трае постапката за разгледување на нивното барање.

Европската комисијата минатиот месец предложи нови обврзувачки правила за враќање на мигрантите, за кои сега се дебатира меѓу претставници на земјите членки на ЕУ и на Европскиот парламент.

Подготвено од М.Д.

About Author