MARK RUTE 2

25.04.2025 Скопје

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте ги повика денеска 32-те земји-членки на блокот да посветат повеќе ресурси, опрема и политичка енергија за најголемиот воен сојуз, во време кога САД се повлекуваат од водечката безбедносна улога во Европа.

„Во 2025 година мораме значително да ги зголемиме нашите напори за да обезбедиме НАТО да остане клучен извор на воена корист за сите наши земји. Нашата континуирана слобода и просперитет зависат од тоа“, напиша Руте во својот годишен извештај, објавен на веб-страницата на Алијансата.

Во извештајот се проценува дека 22 земји-членки на НАТО ја постигнале целта да издвојат најмалку два отсто од БДП за воениот буџет минатата година, додека Белгија, Канада, Хрватска, Италија, Луксембург, Црна Гора, Португалија, Словенија и Шпанија не го направиле тоа.

Подготвено од М.Д.

About Author