aptekaaaa

29.04.2025 Скопје

Претставници на Кризен штаб за спас на аптеки одржале состанок со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, по повод приговорот поднесен до Министерството за новата одлука за објавување цени на стоки на веб-страници.

Дека аптеката е вид здравствена установа, се добило поддршка и од Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД).

Како што денеска информираа од Здружението на приватни аптеки на Република Северна Македонија (ЗПАРСМ) , било укажано дека во повеќето западноевропски земји и државите во регионот, аптеките се изземени од суштинското влијание на трговските закони и не се предмет на инспекциски надзор од страна на Државниот пазарен инспекторат.

Од страна на министерот Дурмиши и неговиот тим, било изразено разбирање за изнесените аргументи.

Со уверување дека приговорот и барањето се издржани и дека ќе се пристапи кон нивно разгледување и решавање во најкус можен рок, додадоа од ЗПАРСМ.

Оттаму нагласија дека направениот пропуст со што аптеките се ставени заедно со маркетите во истиот правилник за изложување на веб-страница, цени на стоки, веруваат дека по овој конструктивен состанок, аптеките итно ќе се изземат и нема да бидат инволвирани во следни мерки што ова министерство ќе ги има кон маркетите и трговците.

Секако ова барање е во насока на усогласување на македонските законски одредби што ги опфаќаат аптеките како пред сè здравствени установи што вршат трговија на мало со фармацевтски производи, согласно со законскиот третман на аптеките во Европа и соседството, истакнаа од Здружението.

Претходно се одржал и состанок на Кризниот штаб за спас на аптеките, каде присутни биле претставници на здружението, како и претставници на фармацевтски факултети и Фармацевтската комора.

Подготвено од М.Д.

About Author