
07.03.2025 Скопје
Вселенското летало „Старшип“ (Starship) на „Спејс икс“ (SpaceX) експлодираше во четвртокот, само неколку минути по полетувањето од Тексас, спречувајќи обид да се распоредат тест сателити. Ова е втор последователен неуспех во ракетната програма за Марс што ја води Илон Маск.
Вселенското летало се распаднало набргу откако почнало неконтролирано да ротира, додека моторите му биле исклучени, што било потврдено во директен пренос на „Спејс икс“. Овој неуспех доаѓа нешто повеќе од еден месец откако седмиот лет на „Старшип“ заврши со експлозија. Два последователни неуспеси се случија во раните фази на мисијата, во која „Спејс икс“ претходно се движеше без проблеми.
Ракетата висока 123 стапки полета околу 18:30 часот по источно време од комплексот за лансирање на „Спејс икс“ во Бока Чика, Тексас. Неговата прва фаза, засилувачот Супер Хеви, успешно се врати на Земјата како што беше планирано. Но, само неколку минути подоцна, преносот во живо покажа дека горната етапа на „Старшип“ неконтролирано се врти во вселената, додека податоците покажаа дека моторите постепено се гасат. Набргу потоа, „Спејс икс“ потврди дека изгубил контакт со леталото.
„За жал, ова ни се случи минатиот пат, па барем сега имаме одредено искуство“, рече Ден Хут, портпарол на „Спејс икс“ за време на емитувањето.
Ракетата не носеше астронаути. По експлозијата, „Спејс икс“ го прекина преносот и не даде никакви информации за можната локација на остатоците.
Подготвено од М.Д.