
03.03.2025 Скопје
Непосредно пред доаѓањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски, претседателот на Европскиот совет Антонио Коста пристигна во Ланкастер Хаус во Лондон.
Неколку минути порано пристигна и италијанската премиерка Џорџа Мелони, откако претходно истиот ден имаше состанок со британскиот премиер Кир Стармер на Даунинг стрит.
Мелони во таа прилика нагласи дека „Западот не смее да се подели“, што таа го опиша како „многу, многу важно“ во актуелниот геополитички контекст.
Сега сите лидери кои требаше да учествуваат на самитот пристигнаа во Ланкастер Хаус, каде наскоро ќе започнат разговорите за безбедносните гаранции и натамошната поддршка за Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Ланкастер Хаус во Лондон, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер пред почетокот на самитот со европските лидери.
На самитот ќе се разговара за безбедносните гаранции за Украина, континуираната воена и политичка поддршка и иднината на мировниот процес.
По неговото пристигнување, од позадина се слушаше гласно скандирање. Станува збор за проукраински демонстранти кои стоеја пред полицискиот безбедносен кордон.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и чешкиот премиер Петр Фиала пристигнаа во куќата на Ланкастер во Лондон, каде што се одржува важен состанок на европските лидери за Украина. Британскиот премиер Кир Стармер ја поздрави Фон дер Лајен со бакнеж, додека таа го поздрави Фиала со ракување.
Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека повлекувањето на САД од поддршката на Украина ќе има катастрофални последици, не само за Киев, туку и за глобалната безбедност.
Подготвено од М.Д.