tramp-potpisuva-1-960x540

27.03.2025 Скопје

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа ја потпиша извршната наредба со која се воведуваат царини од 25 отсто за увоз на автомобили и лесни камиони произведени во странство. Тој за оваа постапка тврди дека е обид да го врати богатството на САД кое, како што вели, странските земји го ограбиле во размери без преседан.

Царините за автомобили ќе стапат на сила на 2 април. Царините од 25 проценти ќе бидат додадени на сите веќе воведени давачки за увоз на автомобили. Не е јасно како царините ќе се наметнат, имајќи предвид дека многу автомобили произведени во САД се направени со увезени делови, но Трамп вети дека ќе има „многу силна контрола“ за спроведување на неговата наредба.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изрази жалење за ваквиот потег на Трамп.

„Царините се даноци, лоши за компаниите, уште полоши за потрошувачите, во САД и ЕУ“, рече таа.

Подготвено од М.Д.

About Author