
10.03.2025 Скопје
Оваа седмица, односно, во периодот од 10 март (денес понеделник), па се до 17 март (следниот понеделник) југоисточна Европа ќе се соочи со уште потопло време со рано – летни температури на воздухот кои во делови од регионот, како и во нашата РС Македонија ќе надминуваат 25 степени, а можно е дури истите да се искачат и дури околу 30 степени.
„Исто така, Балканот во споменатиот период го очекува многу променливо и нестабилно време, а постои опасност и од локални поголеми невремиња и поплавувања, променливо и нестабилно ќе биде и во нашата РС Македонија, а ова ќе биде проследено со засилен до силен јужен и југозападен ветер (над 75 км/час).
Метеопати, бидете внимателни деновиве, поради тоа што Биометеоролошките услови ќе бидат крајно неповолни, а исто така проблем ќе прави и транспортот на прашина и песок од Сахара кон нашиот дел од Европскиот Континент“.
Подготвено од М.Д.