ZLATO

24.03.2025 Скопје

Според најновите истражувања, пет проценти од Швајцарците закопале злато во своите градини, а се проценува дека моментално под земја има околу десет тони од овој благороден метал вреден 750 милиони франци.

Начинот на кој го кријат своето злато, Швајцарците би можеле да се споредат со пирати.

Златото е добро прибежиште бидејќи обезбедува осигурување во случај на непредвидени животни тешкотии.

Затоа, не е чудно што голем број Швајцарци поседуваат злато.

Неодамнешното истражување на Универзитетот во Сент Гален покажа дека 65,2 отсто, или две третини, од 3.000 испитаници во Швајцарија веруваат дека инвестирањето во благородни метали е разумно.

Серхио Роси, професор по економија на Универзитетот во Фрајбург, изјави дека е изненаден кога дознал дека луѓето сè уште го закопуваат златото и рече дека тоа е показател за недоверба во банките и дека банките мора да го земат тоа предвид.

Всушност, златото е една од омилените облици на инвестирање за жителите на оваа богата земја, но сепак доминираат инвестициите во недвижен имот, акции и обврзници.

Подготвено од М.Д.

About Author