
13.03.2025 Скопје
Луѓето во седум земји во светот дишат чист воздух. Само седум држави ги задоволувале стандардите на Светската здравствена организација (СЗО) за квалитет на воздухот лани. Задоволителна оценка добиле само Австралија, Нов Зеланд, Бахами, Барбадос, Гренада, Естонија и Исланд.
Чад и Бангладеш биле најзагадените држави во светот во 2024, откако тамошните просечни нивоа на смог биле 15 пати поголеми од препораките на СЗО. Зад нив се Пакистан, Демократска Република Конго и Индија.
Во Индија се наоѓаат 12 од 20-те најзагадени градови во светот.
Речиси секоја земја има понечист воздух отколку што лекарите препорачуваат да дишат, покажа годишниот извештај на швајцарската технолошка компанија за квалитет на воздухот IQAir, чии наводи ги пренесува британски Гардијан.
Во овој извештај Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина се единствените европски земји на листата на најзагадени. Најзагаден град вo земјава е Тетово, а во Лазорополе има најчист воздух.
Подготвено од М.Д.