
27.03.2025 Скопје
Соединетите држави додадоа повеќе од 50 кинески технолошки компании на листата за забрана за извоз во првата ваква одлука на администрацијата на Доналд Трамп, со цел да се намали способноста на Пекинг да развива вештачка интелигенција и напредни компјутерски технологии.
Бирото за индустрија и безбедност на американското Министерство за трговија стави вкупно 80 организации, меѓу кои 50 од Кина, на список и им забрани на американските компании да ги снабдуваат без владини лиценци.
Компаниите беа казнети за наводно дејствување против националната безбедност и надворешнополитичките интереси на САД, како дел од напорите на Вашингтон да го ограничи пристапот на Пекинг до компјутерската технологија која може да обработува огромни количини на податоци со многу голема брзина.
Подготвено од М.Д.