MARK RUTE 2

27.03.2025 Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во средата вети дека Алијансата силно ќе одговори доколку Руската Федерација ја нападне Полска или која било друга членка на пактот.

Ако некој погрешно пресмета и мисли дека може да се извлече со нападот на Полска или кој било друг сојузник, ќе биде пречекан со целата сила на овој моќен сојуз. Нашата реакција ќе биде поразителна (за вас) – рече Руте за време на прес-конференцијата што ја одржа со полскиот премиер Доналд Туск.

Генсекот на НАТО додаде и дека „тоа мора да биде јасно за (рускиот претседател) Владимир Путин и секој кој сака да нè нападне“.

Подготвено од М.Д.

About Author