BULMAK

28.03.2025 Скопје

Министерството за животна средина објави дека по извршен вонреден инспекциски надзор го казни Булмак 2016 ДООЕЛ Пробиштип со 200.000 евра по пукнатата цевка од рудникот за олово и цинк Тораница во Крива Паланка, по што се излеаа тешки метали во Крива Река.

Од министерството реагираат дека е прекршен Законот за животна средина со сторен прекршок од трета категорија при што „Булмак“ се согласил за поведување на постапка за спогодување.

„Имено, според известување од страна на БУЛМАК на 14.03.2025 во период од 06:30 до 07:00 часот се случи инцидент поради пукање на цевка преку која се доведува технолошката вода од таложникот за јамски води до погонот флотација, вода која не содржи хемиски средства бидејќи е истечена пред да дојде во погонот на флотација, и содржи само механички онечистувања, односно е заматена.

Булмак извести дека во меѓу време дефектот се санира и е сопрено истекувањето на водата.

Со потпишување на овој записник сторителот се согласува за поведување на постапка за спогодување согласно член 212-г од Законот за животната средина.

Предвидената прекршочна глоба за големи трговци согласно регистрацијата во Централен Регистар на РСМ во овој случај за правниот субјект е максимална и изнесува 180-000 до 200.000 евра во денарска противвредност, односно максимални 10.000 евра во денарска противвредност за одговорното лице“, информираат од министерството.

Подготвено од М.Д.

About Author