
27.03.2025 Скопје
РС Македонија денеска одбележува пет години од членството во НАТО. Земјава влезе во Алијансата како 30-та членка. Овој историски момент беше реализација на една од клучните стратешки цели на државата, која беше зацртана уште во 1993 година во Резолуцијата усвоена од Собранието, која ги дефинираше надворешно-политичките приоритети на РС Македонија – членството во НАТО и во Европската Унија.
На Самитот во Букурешт во 2008 година, земјава доби условна покана за членство, со услов решавање на спорот за името со Грција кој, пак, беше премостен со Преспанскиот договор во 2018 година и го отвори патот за завршување на процесот на интеграција.
На 6 февруари 2019 година беше потпишан Пристапниот протокол, а по завршување на процесот на ратификација, на 27 март во 2020 година, РС Македонија и официјално стана полноправна членка на НАТО.
Подготвено од М.Д.