sad rusija

19.03.2025 Скопје

Претставници на Русија и САД ќе разговараат за деталите од договорите постигнати по разговорите меѓу претседателите на двете земји Владимир Путин и Доналд Трамп, во недела на 23. март во Џеда, најави специјалниот пратеник на американскиот претседател Стив Виткоф.

Тој нагласи дека САД очекуваат Украина да ги поддржи овие договори и прецизираше дека нацрт-договорот за прекин на огнот меѓу Киев и Москва се однесува на напади врз инфраструктурата воопшто, а не само врз енергијата.

Според специјалниот пратеник, страните договориле два клучни аспекти, а тоа е прекин на нападите врз енергетската и друга инфраструктура, како и врз Црното Море.

„До неодамна немавме договор за овие прашања. „Го постигнавме денес и мислам дека од овој момент останува релативно малку време до целосен прекин на огнот“, нагласи Виткоф.

Подготвено од М.Д.

About Author