SAD RUSIJA PREGOVORI

24.03.2025 Скопје

Делегации од САД и Русија од понеделник наутро се во хотел во Ријад, каде разговараат за деталите за можниот прекин на огнот во Украина.

Состанокот на експертите од „техничките групи“ на владите на двете земји се одржува зад затворени врати.

Службата за државна безбедност на Саудиска Арабија побара од новинарите да ги напуштат сите области на хотелот.

Русија во преговорите ја претставуваат шефот на Меѓународниот комитет на Советот на Федерацијата, Григориј Карасин и советникот на директорот на ФСБ, Сергеј Беседа. Американскиот тим е предводен од пратеникот на претседателот Доналд Трамп во Киев, Кит Келог.

Дијалогот е посветен на црноморската иницијатива. Кремљ не исклучува дека на средбата може да се разговара и за други аспекти поврзани со украинското решение.

Во неделата, делегацијата од Вашингтон се сретна во Ријад со својот колега во Киев, во кој беа заменик-началникот на Генералштабот на Зеленски, Павло Палиса, и поранешниот началник на Генералштабот на вооружените сили на Украина и актуелен генерален инспектор на Министерството за одбрана на Украина, Анатолиј Баргилевич.

Според информациите, не се закажани средби меѓу руската и украинската делегација.

Разговорите меѓу украинските и американските претставници во Ријад, со цел можен договор за делумен прекин на непријателствата – во врска со енергетската инфраструктура – во војната меѓу Русија и Украина, беа „продуктивни“, изјави вчера  украинскиот министер Рустем Умеров.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски од своја страна побара синоќа преку социјалните мрежи да се изврши „притисок“ врз неговиот руски колега Владимир Путин да даде „вистинска“ наредба за „запирање на бомбардирањата“, додавајќи дека „оној што ја предизвика оваа војна мора да ја прекине“ и дека Русија „е единствената што ја продолжува војната“.

Подготвено од М.Д.

About Author