
11.03.2025 Скопје
Неморално е Европа да ја принудува Украина да продолжи да се бори, изјави бугарскиот претседател Румен Радев.
На прес-конференција по средбата со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, Радев го критикуваше европскиот пристап кон војната. „Европа не може да наметне мир од позиција на сила“, рече Радев.
Тој тврдеше дека оваа политика е неприменлива.
„Оваа политика ја води Украина во катастрофа, а Европа во ќорсокак. Со таква политика жртвите само ќе растат, ќе има уште повеќе уништувања, пустошења и уште поголема загуба на територија“, рече Радев.
Тој додаде дека Европа прво треба да соработува со ОН за постигнување прекин на огнот, а потоа да ја искористи дипломатијата за да развие праведен и траен мир.
Подготвено од М.Д.