ETIAS_1

04.03.2025 Скопје

Генералниот директорат за миграција и внатрешни работи на Европската унија потврди дека имплементацијата на Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS) ќе биде постепено, составен од преоден и грејс период.

Како што објаснуваат од Дирекцијата, штом ќе биде лансиран ETIAS, ќе има шестмесечен преоден период во кој патниците ќе треба да аплицираат за одобрение за патување.

Сепак, за време на овој преоден период, на патниците и понатаму ќе им биде дозволен влез во ЕУ дури и ако не поднеле барање за ETIAS, под услов да ги исполнуваат другите услови за влез.

Лансирањето на ETIAS ќе биде проследено со преоден период од најмалку шест месеци. Ова значи дека додека патуваат во оваа временска рамка, патниците веќе ќе треба да аплицираат за ETIAS, но на оние кои немаат нема да им биде забранет влезот, се додека ги исполнуваат сите преостанати услови за влез.

Откако ќе заврши периодот на транзиција, ќе следи грејс период, за време на кој патниците мора да имаат одобрение за патување ETIAS за да им биде дозволен влез во земјите-членки на ЕУ.

Сепак, постои исклучок. Оние што ќе влезат во ЕУ за прв пат за време на грејс периодот, од крајот на транзицискиот период, ќе можат да влезат без одобрение за патување, под услов да ги исполнуваат преостанатите критериуми за влез.

Што се однесува до другите патници кои не спаѓаат во оваа категорија, ќе им биде забранет влезот во ЕУ доколку немаат одобрение за патување ETIAS кога патуваат во блокот за време на грејс периодот.

На сите други патници ќе им биде забранет влезот доколку немаат одобрение за патување од ETIAS. Грејс периодот ќе трае најмалку шест месеци.

ЕУ ги потсетува патниците дека ќе им треба овластување ETIAS неколку месеци откако ќе стане активен системот за влез/излез (ЕЕС).

Покрај објаснувањето на правилата за време на транзиционите и грејс периодите, ЕУ, исто така, ги потсети патниците дека ќе им треба одобрение за патување ETIAS само неколку месеци откако системот EES ќе стапи во функција.

Бидејќи датумот на лансирање на EES сè уште не е објавен по последното одложување, се верува дека ETIAS нема да биде потребен до крајот на 2025 година или почетокот на 2026 година.

Условот за патување ETIAS ќе важи за сите странски државјани кои имаат право на безвизен влез во ЕУ. Откако ќе се имплементира ETIAS, апликациите ќе може да се поднесуваат преку официјалната веб-страница на ETIAS или мобилната апликација ETIAS. Овластувањето за патување ETIAS ќе чини 7 евра, а документот ќе важи три години.

Подготвено од М.Д.

About Author