
21.03.2025 Скопје
Граѓаните на Гренланд почнаа да бојкотираат американска стока во знак на протест против најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека островот ќе биде припоен кон САД, јави денеска локалната радио станица.
Парите на граѓаните ќе му дадат јасна слика на Доналд Трамп. Мора да им дадеме до знаење на Американците дека она што американскиот претседател го зборува за нашата земја е неприфатливо, изјави Миник Ланге, иницијатор на Фејсбук групата „Бојкотирај американски производи на Гренланд“.
Според него, одбивањето на Гренланѓаните да купуваат американски производи може да стане „тивок протест“.
Подготвено од М.Д.