leafy-greens-vegetables

26.03.2025 Скопје

Зеленчукот содржи ниско ниво на масти и калории, а високо ниво на витамини и минерали.

Зеленчукот има одлични антиоксидантни својства, кои го штитат организмот од болести и го зајакнуваат имунитетот. Покрај тоа, тие се полни со влакна, кои го апсорбираат вишокот вода и го стимулираат дигестивниот систем.

Најпопуларниот и најчесто консумиран зелен лиснат зеленчук не е најздрав. Експертите ги препорачуваат трите најздрави видови зелен лиснат зеленчук, кои дефинитивно заслужуваат место во вашата чинија.

Спанаќ

Овој зеленчук е богат извор на железо, калциум и голем број на витамини. Една од најважните карактеристики на спанаќот е тоа што ефикасно се бори против ракот на простата, најефикасно од сите други видови зелен лиснат зеленчук.

Доколку спанаќот се консумира варен, се препорачува готвењето да не трае подолго од една минута, за да се задржат сите лековити својства на ова растение. Спанаќот е исто така одличен сиров, во форма на салата.

Блитва

Блитвата е еден од најздравите видови на лиснат зеленчук, а за повеќето луѓе е и вкусна. Тој е одличен извор на витамини А и Ц. Богат е со железо и бројни влакна. Научниците докажаа дека блитвата го штити здравјето на срцето, очите, дигестивниот систем и ја намалува зачестеноста на главоболките.

Блитвата се готви од три до пет минути за да не ги изгуби лековитите својства.

Кељ

Богат е со витамини А, Ц, К и Б6. Исто така е одличен извор на магнезиум и калциум.

Неговите антиоксидантни својства го намалуваат нивото на слободните радикали во телото и го намалуваат ризикот од разни болести, вклучително и некои видови на рак. Кељот ќе го намали нивото на лошиот холестерол и ќе го намали ризикот од кардиоваскуларни болести и ќе го заштити вашето здравје на очите.

Подготвено од М.Д.

About Author