
21.03.2025 Скопје
Финска има најсреќни луѓе на светот, а РС Македонија е на 86. место.
Оваа година РС Македонија е на 86. место, минатата година беше на 84, а во 2023 на 87 место. Зад РС Македонија од регионот единствено e Албанија на 89. Бугарија е на 85. место.
Косово е насреќна земја во регионот – тоа е на 29. место. По него е Србија на 31., па Босна и Херцеговина на 56. и Црна Гора на 71.
Финска осма година по ред е прогласена за држава со најсреќно население во светот, според Светскиот извештај за среќа објавен денеска по повод Меѓународниот ден на среќата.
Авторите на извештајот, подготвен во партнерство со агенцијата за истражување Галуп, Оксфордскиот центар за истражување на благосостојбата и Мрежата за решенија за одржлив развој на ОН, го анализираа периодот помеѓу 2022 и 2024 година
Финска е на врвот, а зад неа се Данска, Исланд и Шведска. Норвешка е на седмото место.
Холандија се врати во првите пет, а Костарика (шесто место) и Мексико (десетто) за првпат се најдоа во Топ 10.
Германија се искачи од 24. на 22. место, а САД паднаа за една позиција на 24. место.
Рангирањето вклучува 147 земји, а Авганистан е на последното место. При составувањето на листата се земени предвид индикаторите како БДП по глава на жител, ниво на социјална поддршка, животен век, почитување на граѓанските слободи, безбедност на работното место, слобода во областа на здравството, ниво на корупција и други.
Подготвено од М.Д.