CADoil-1024x683

06.03.2025 Скопје

Канада потенцијално би можела да го искористи извозот на нафта и гас како преговарачка алатка доколку ескалира спорот со САД околу царините за канадскиот извоз, изјави министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Џоли.

Канада се заканува дека ќе воведе царини на американски увоз во вредност од околу 108 милијарди американски долари, но се уште не се зборува за намалување на извозот на стоки во САД. Канада извезува околу четири милиони  барели нафта за САД (околу 90 отсто од вкупниот извоз на нафта).

„Се разбира, се работи за нафта и гас. Се уште не сме го ставиле ова на маса, но го чуваме ова меѓу нашите карти – карти што потенцијално можеме да ги играме доколку работите ескалираат. САД го знаат тоа“, рече Џоли.

Претходно, властите во канадската провинција Алберта, која игра голема улога во канадскиот извоз на енергетски суровини, рекоа дека никогаш нема да ја прифатат идејата за намалување на извозот во САД.

Подготвено од М.Д.

About Author