
08.03.2025 Скопје
Во еден голем пресврт, Исланд многу богататa островска земја сака да се приклучи кон Европската унија, откако ги прекина пристапните преговори во 2013 година во одмината фаза.
Исланд ги почна преговорите во 2010 по големата финансиска криза што ја зафати земјата. Богатството не е најважната работа за земјата од 360.000 жители туку стравот мотивира повеќе. Исланд има фантастични 80.000 долари БДП по жител, но сега сака повторно да ги почне или да продолжи онаму каде што застана во преговорите со ЕУ.
Тоа посредно го најави новата премиерка на Исланд Кристун Фростадотир кога од декември 2024 е на чело на владата. Фростaдотир е лидерка на Социјалдемократскиот сојуз на Исланд и нејзината партија владее се државата во коалиција.
Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, изјави дека Исланд ѝ сигнализирал на Европската унија дека е наклонет за продолжување на преговорите и дека планира да одржи референдум за членството во Унијата во 2027. Кос учествуваше на форум во Луксембург и изјави дека граѓаните на исланд треба да одлучат за својата иднина.
На прашањето зошто се променило мислењето на исландската влада, Кос одговара:
„Европа и светот минуваат низ големи геополитички промени. Нашата Европска унија и другите земји на нашиот континент мора да се прилагодат на новата реалност. Европскиот проект е за мир, слобода и просперитет. За време на проширувањата во 2004 и 2007 година, повеќе се работеше за просперитет. Денес повторно станува збор за мир и безбедност, како и за зачувување на демократијата и европските вредности“.
Кос во разговорот уште еднаш потврди дека Црна Гора и Албанија се најнапред во преговорите и дека е многу реално тие да ги завршат во овој мандат на Европската комисија.
Администрацијата на Фростадотир соопшти дека ќе формира комисија од експерти за да ги разгледа предностите и недостатоците дали да се задржи исландската круна или да се усвои еврото.
„Се согласивме да се договори предлогот во парламентот, во кој се наведува дека ќе имаме референдум за продолжување на преговорите за пристапување на Исланд во Европската унија и дека овој референдум ќе се одржи најдоцна до 2027 година“, рече министерката за надворешни работи, Ѓоргеридур Гунарсдотир.
Гунарсдотир, исто така, ја предводи партијата Либерални реформи, која е силно про ЕУ и се очекува да ги предводи разговорите за пристапување.
Според неодамнешната анкета поддршката за членство во ЕУ кај населението на Исланд расте. Таа анкета покажа дека нешто повеќе од 54 отсто од испитаниците се за приклучување кон блокот, а мнозинството рекле дека мислат дека домаќинствата ќе бидат финансиски подобро како дел од ЕУ. Тоа е значителен замав во корист на членството во земја која генерално беше амбивалентна за пристапување во ЕУ.
Исланд е околу четри пати поголем од РС Македонија, има 103.000 квадратни километри.
Подготвено од М.Д.