
28.03 2025 Скопје
Kанцеларијата на Интерпол во Сараево иницираше распишување меѓународна потерница за претседателот на Република Српска, Милорад Додик и за претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ.
Во меѓународните потерници се наведува дека именуваните лица се државјани на Босна и Херцеговина и на Република Србија. Додик и Стевандиќ се бараат за кривично гонење за сторено кривично дело Напад врз уставниот поредок од чл. 156 од Кривичниот законик на Босна и Херцеговина.
Горенаведените меѓународни потерници се покренати за териториите на сите земји-членки и како такви пристигнаа во системот на Интерпол за сите членки. Интерпол Белград меѓународната потерница по Милорад Додик ја доби во 22.20 часот, а по Ненад Стевандиќ во 22.28 часот.
Самите меѓународни потерници наведуваат дека тие сè уште не се разгледани од Генералниот секретаријат на Интерпол во врска со тоа дали се исполнети условите за нивно објавување и затоа не претставуваат основа за постапување во овој момент.
Подготвено од М.Д.