protest-frosina-pred-sobranie-bg-1024x577

29.03.2025 Скопје

Пред Собранието на Република Северна Македонија денеска во 11 часот ќе се одржи собир на граѓани во организација на Иницијативата „Кој е следен“ насловен „Народно собрание“.

Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа дека поради одржување на протест пред Собранието, Единицата за безбедност на патниот сообраќај со почеток во 11 часот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.

Оттаму апелираа до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Од Иницијативата „Кој е следен“ вчера преку соопштение се оградија од политичките партии.

Последниот протестен марш на Иницијативата „Кој е следен“ се одржа на 24 март под мотото „Не само како поединци, туку како заедница“.

Приоритетни барања на Иницијативата се безбедни улици и градови, неселективен и правичен систем и едуцирана младина со морален компас во вистинската насока.

Подготвено од М.Д.

About Author