modi-fon-der-lajen

01.03.2025 Скопје

Индискиот премиер Нарендра Моди изјави дека сака неговата земја да склучи договор за слободна трговија со ЕУ до крајот на годинава.

„Побаравме од нашите тимови да почнат да работат на склучувањето договор за слободна трговија меѓу двете земји до крајот на оваа година“, нагласи Моди по средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Претходно денеска и Фон дер Лајен изрази желба овој договор да биде склучен до крајот на годинава.

ЕУ особено се залага за отворање на индискиот пазар за европски автомобили и алкохол, додека Индија сака полесно да ги продава своите текстилни производи или лековите на европска територија.

Подготвено од М.Д.

About Author