evra pari

25.03.2025 Скопје

Соседна Грција ја зголемува минималната плата.

Минималецот во Грција треба да се зголеми за 40 до 50 евра и да достигне 870 или 880 евра почнувајќи од 1 април. Слична стапка на раст предвидена е и за следните години. Ова е усогласување со целите на владата да ја зголеми минималната плата на 950 евра до 2027 година, а просечната плата на 1.500 евра.

За да се постигне целта за просечна плата од 1.500 евра за 4 години, потребно е годишно зголемување на просечната плата од приближно 5,3 отсто.  Ова значи дека годишните зголемувања би требало да надминат околу 60 евра.

Според годишниот извештај на онлајн системот ЕРГАНИ, просечната плата во 2024 година треба да се зголеми на 1.313,55 евра од 1.251 евро во 2023 година.

Повеќето земји од регионот неодамна ја зголемија минималната плата.

Подготвено од М.Д.

About Author