9 (1)

31.03.2025 Скопје

Од среда Европејците ќе треба да имаат дозвола за патување во Велика Британија. Процедурата може да се врши со онлајн плаќање на такса од 12 евра, а од 9. април 19 евра.

Потребна е електронска дозвола за патување, и ќе важи две години. Може да се добие преку апликацијата ЕТА на Обединетото Кралство, или на веб-страницата на британската влада.

Одобрението веќе беше потребно за посетителите од земјите кои не се дел од ЕУ, а кои беа ослободени од визи за патување во Британија.

Ова ќе треба да ја зајакне безбедноста на Британија.

Од среда, граѓаните на околу 30 европски земји, вклучително и сите земји на ЕУ, освен Ирска, ќе треба да го имаат тоа одобрение за да влезат во Велика Британија, која ја напушти ЕУ во 2020 година. Апликантот треба да има фотографија од пасош и друга фотографија од лицето.

Постапката трае помалку од десет минути, а овластувањето за патување, дигитално поврзано со пасошот, обично се издава за неколку моменти, според британското Министерство за внатрешни работи. Но, Владата препорачува оваа постапка да се направи најмалку три дена однапред бидејќи во некои, иако ретки, случаи се потребни дополнителни проверки.

Подготвено од М.Д.

About Author