
21.03.2025 Скопје
Германија ќе го намали бројот на работници од Балканот.
Германските демохристијани и социјалдемократите преговараат за формирање нова влада, а една од најважните одредби на потенцијалниот коалициски договор во делот за миграцијата е намалување на бројот на работници од Западен Балкан.
Со сегашните одредби, кои беа воведени во 2016 година, беше дозволено легално доаѓање на нискоквалификувани работници од БиХ, Србија, Албанија, Црна Гора, Косово и Република Северна Македонија, а квотата, по неколку години спроведување беше ограничена на 50.000 работници.
Новиот коалициски договор предвидува оваа бројка да се преполови и да се овозможи пристигнување на 25.000 работници годишно.
Подготвено од М.Д.