
27.03.2025 Скопје
Франција ќе додели дополнителни две милијарди евра за воена поддршка на Украина. Ова вчера го соопшти францускиот претседател Емануел Макрон, пренесоа светските агенции.
Тој рече дека новиот пакет помош за Украина вклучува противтенковски ракети, ракети земја-воздух и беспилотни летала.
Макрон имаше средба со својот украински колега Володимир Зеленски, кој денеска пристигна во Париз за да учествува на утрешниот самит организиран од францускиот лидер, посветен на темата Украина.
Францускиот претседател изрази надеж дека Русија ќе прифати 30-дневен прекин на огнот без предуслови. Сепак, тој ја обвини Москва дека ја покажала својата волја да војува и да додава нови услови на договорот за кој се преговара со посредство на САД, а чија цел е прекин на огнот во Црното Море и мораториум на нападите врз енергетските капацитети.
Подготвено од М.Д.