
12.03.2025 Скопје
Европската унија ќе воведе контра тарифи за американски стоки во вредност од 26 милијарди евра како одговор на американските царини за увоз на челик и алуминиум, соопшти Европската комисија.
Контрамерките ќе стапат на сила следниот месец.
„Ова е соодветно на економскиот опсег на американските тарифи. Нашите контрамерки ќе бидат воведени во два чекора. Почнувајќи од 1 април и целосно во сила од 13 април“, нагласи Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија.
„Подготвени сме да се вклучиме во значаен дијалог. Му доверив на комесарот за трговија Марош Шефчович да ги продолжи разговорите за изнаоѓање подобри решенија со САД“, додаде фон дер Лајен.
Подготвено од М.Д.