
25.03.2025 Скопје
Советот на ЕУ ја одобри новата Предлог-регулатива за статистички податоци на пазарот на трудот за потребите на бизнисите (ЛМБ), која има за цел обезбедување поажурни и споредливи статистики меѓу земјите членки на Унијата.
Дополнително, со новите правила, се очекува да се обезбедува подобра покриеност на економијата, како и да се спроведува собирање податоци за родовиот јаз во платите.
Како што се наведува во соопштението на Советот, европските институции и агенции имаат потреба од пристап до навремени, веродостојни и споредливи ЛМБ статистички податоци со цел ефикасно да дизајнираат, имплементираат, оценуваат и координираат широк опсег на политики на ЕУ, на пример во области како што се координацијата на економските, социјалните и политиките за вработување и еднаквите плати за мажите и жените.
По Предлог-регулатива сега треба да се изјасни и Европскиот парламент.
Терминот „статистички податоци на пазарот на трудот за потребите на бизнисите“ (ЛМБ) се однесува на официјалната статистика поврзана со функционирањето на бизнис секторот, како трошоците за работната сила, висината на платите или обемот на слободни работни места.
Европската комисија ја предложи регулативата за статистички податоци на пазарот на трудот за потребите на бизнисите (ЛМБ) на 28 јули 2023 година. По речиси година и половина преговарање, претставниците на Европскиот парламент и на Советот на ЕУ на 12 декември минатата година постигна договор за текстот на Предлог-регулативата што беше одобрен денеска.
Подготвено од М.Д.