
11.03.2025 Скопје
Светската Здравствена Организција (СЗО) објави листа на најзагадени држави во 2024 година, а само седум земји во светот ги исполниле стандардите за квалитет на воздухот за 2024 година, покажуваат податоците објавени денеска.
Истражувачите велат дека војната против загадувањето ќе стане уште попредизвикувачка откако САД ќе прекинат со глобално следење.
Најзагадени земји во светот за 2024 година се Чад и Бангладеш, со просечни нивоа 15 пати над упатствата на СЗО, според податоците собрани од швајцарската компанија за следење на квалитетот на воздухот IQAir.
Само Австралија, Нов Зеланд, Бахамите, Барбадос, Гренада, Естонија и Исланд ги исполнија стандардите за квалитет на воздухот, соопшти IQAir.
Меѓу првите пет покрај Чад и Бангладеш се уште и Пакистан, Демократска Република Конго и Индија. Токму од Индија се 12 од 20-те најзагадени граови во светот во 2024 година.
Подготвено од М.Д.