1326192025_versace-4

14.03.2025 Скопје

Дарио Витале го презема раководството во дизајнот во Версаче, додека Прада се подготвува за потенцијално купување од 1,5 милијарди евра.

Капри Холдингс, сопственик на модната куќа Версаче, објави дека Донатела Версаче се повлекува од функцијата главен креативен директор на брендот по речиси 30 години на оваа позиција.

Според официјалното соопштение, 69-годишниот Версаче ќе преземе нова улога како главен амбасадор на брендот почнувајќи од следниот месец. Дизајнерскиот тим ќе биде предводен од Дарио Витале, поранешниот креативен директор на Miu Miu од Групацијата Прада.

„Најголема чест во мојот живот беше да го продолжам наследството на Џани. Се надевам дека успеав да задржам дел од неговиот дух и истрајност“, изјави Донатела Версаче.

Таа додаде дека е задоволна што Витале станува дел од тимот и дека се радува на нова перспектива за Версаче.

Оваа значајна промена во раководството на една од најпрепознатливите модни куќи доаѓа во време кога на пазарот кружат гласини за потенцијално преземање. Според некои извори, Групацијата Прада преговара за купување на Версаче од Капри Холдингс, а предложената цена е околу 1,5 милијарди евра.

Промената доаѓа во клучен момент за луксузната модна индустрија, која се соочува со нови предизвици на глобалниот пазар.

Подготвено од М.Д.

About Author