1896_voz-m-milivojevic-4_f

14.03.2025 Скопје

Во 01:39 часот, компанијата „Србијавоз“ примила анонимна дојава за поставени експлозивни направи во меѓуградските возови во Србија, по што сообраќајот веднаш бил запрен од безбедносни причини.

„Од безбедносни причини, принудени сме привремено да го прекинеме сообраќајот на сите меѓуградски возови за да ги заштитиме животите на патниците и на персоналот“, соопштија од „Србијавоз“.

Од компанијата истакнаа дека интензивно соработуваат со Министерството за внатрешни работи, кое ги спроведува потребните проверки за разрешување на ситуацијата.

Засега нема дополнителни информации за евентуално пронајдени експлозиви или за мотивите зад оваа закана.

Надлежните служби ги преземаат сите неопходни мерки за брзо и безбедно обновување на сообраќајот.

Подготвено од М.Д.

About Author