ROBA CARINI

12.03.2025 Скопје

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 25 отсто за целиот челик и алуминиум увезени во САД. Овој потег се заканува да ги зголеми цените на широк спектар на потрошувачки и индустриски производи за Американците.

Ова е најновиот чекор во сеопфатната трговска војна на Трамп, која има за цел да ги поправи воочените трговски нерамнотежи и да го поттикне домашното производство.

Неколку часа пред да ги објави новите царините, Трамп ја повлече заканата за двојно зголемување на царините за челик и алуминиум од Канада, најголемиот американски снабдувач на тие метали. Наместо тоа, беше одлучено стандардната стапка од 25 отсто да важи за канадскиот челик и алуминиум.

Сепак, се откажа од таков чекор, откако премиерот на Онтарио, Даг Форд се согласи да ја суспендира одлуката за воведување на дополнителни давачки за извоз на електрична енергија од Онтарио во САД, отстапка во замена за укинување на претходните тарифи.

Форд и канадскиот министер за финансии Доминик Лебланк утре ќе отпатуваат за Вашингтон за да разговараат со претставници на Трамп за можните промени на Трговскиот договор САД – Мексико – Канада (USMCA).

Поголемиот дел од трговијата меѓу САД и Канада останува без царини според договорот USMCA, но Трамп продолжува да ги критикува високите царини што Канада ги има за млечните производи.

Европската унија (ЕУ) ќе воведе контратарифи на стоки од САД во вредност од 26 милијарди евра, почнувајќи од април, како одговор на американските царини за челик и алуминиум, соопшти денеска Европската комисија (ЕК).

Комисијата соопшти дека ќе ја укине сегашната суспензија на тарифите за американските производи од 1 април, а новиот пакет контрамерки против американските стоки ќе биде претставен до средината на април.

„Нашите контрамерки ќе бидат воведени во два чекора, почнувајќи од 1 април, а целосно ќе бидат во сила од 13 април. Подготвени сме да се вклучиме во дијалог. Го задолжив комесарот за трговија Марош Шефчович да ги продолжи преговорите и да истражува подобри решенија со САД“, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Подготвено од М.Д.

About Author