
14.03.2025 Скопје
Остриот став на Трампова администрација во однос на царините започна глобален бран на отпор – потрошувачите и компаниите сè почесто ги бојкотираат американските производи.
Трампова трговска политика, вклучувајќи ги неговите царини, постојано претставува извор на нестабилност на глобалните пазари.
Скандинавските земји и Канада ја предводат растечката меѓународна тенденција на избегнување на американски производи поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини на низа производи од целиот свет.
Во последните недели на Фејсбук беа формирани бројни групи кои повикуваат на бојкот. Шведската група со наслов Bojkotta varor från USA (Бојкотујте производи од САД) има речиси 80.000 членови до денес.
Групата смета дека така ги штити „демократијата, самоопределувањето и безбедноста“, и се надева дека со бојкотот ќе изврши притисок врз Трампова администрација.
А тоа што како платформа користат американски Фејсбук го оправдуваат со тоа што тоа е „најдобро оружје“ за нивната цел.
Слични групи се појавиле и во Канада, додека една француска група BOYCOTT USA: Achetez Francais et Europeen! (Бојкотујте САД: купувајте француско и европско!) брои преку 20.000 членови.
За сега нема многу податоци за тоа дали таквите кампањи имаат конкретен ефект. Меѓутоа, еден од американските производи кој има директна врска со Трампова администрација е Тесла. Овој бренд на електрични автомобили го води Илон Маск, кој е моментално повисок советник на американскиот претседател и на чело на новооснованото Одделение за ефикасност на владата (Department of Government Efficiency – DOGE).
Податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) покажуваат дека продажбата на автомобили на Тесла во Европа во јануари паднала за цели 45 проценти во споредба со истиот период во 2024 година.
Во текот на целата мината година, Тесла забележал пад на продажбата од 13 проценти во Европската унија.
Антиамериканското расположение е особено изразено во Канада. Трамп воведе царини од 25 проценти на канадските производи, без разлика на долготрајното сојузништво и речиси 9.000 километри заедничка граница меѓу двете земји.
Трамп повеќепати изјави дека Канада треба да стане 51. сојузна држава на САД, а премиерот Џастин Трудо јавно го нарекол „губернатор Трудо“, што предизвикало негодување кај Канадјаните.Таквите провокации доведоа до сериозна реакција од јавноста.
Растечкото анти-Трамп расположение и помогна на Либералната партија на Канада, која некогаш ја водеше Трудо, а сега Марк Карни, да оствари изненаден пресврт во анкетите.
На почетокот на 2025 година либералите заостанувале зад Конзервативната партија со 25 проценти, но сега водат во многу истражувања на јавното мислење.Така расположението се одразува и на потрошувачите.
Дилан Лобо, кој води веб-страница Made in CA, која обезбедува онлајн каталог на канадски производи, изјавил за Бизнис инсајдер дека неговата страница забележала огромен пораст на посетеност.
„Сега Канада ја зафати голем бран на патриотизам“, вели Лобо.
„Канаѓаните сакаат да ги поддржат своите сограѓани.
“Многу канадски компании исто така започнале кампањи Buy Canadian (Купувај канадско). Во Онтарио, Државниот одбор за контрола на алкохолни пијалаци објавил дека нема да продава американски производи како бурбон и вино. Слични мерки најавила и провинцијата Нов Брунсвиk.
Гувернерот на Онтарио, Даг Форд, ја откажал договорот вреден 100 милиони канадски долари (63,3 милиони евра) со Starlink, телекомуникациската компанија на Илон Маск.
„Онтарио нема да работи со луѓе кои се решени да ја уништат нашата економија“, порача Форд на социјалната мрежа Икс (која е во сопственост на Маск).
И во Европа, некои компании преземаат мерки против американски производи. Најголемата данска малопродажна компанија, Saling grup, објави дека ќе ги означува европските производи со црна ѕвезда во своите продавници, за потрошувачите полесно да ги препознаат.
Некои компании одат и подалеку. Норвешката компанија Haltbak, која снабдува бродови со гориво, соопштила дека нема да продава гориво на американската морнарица.
Подготвено од М.Д.