hristijan-buzalkovski-motociklist

04.03.2025 Скопје

Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски оваа сезона ќе дебитира во најтешката трка од Светскиот шампионат по издржливост „World Endurance Championship“.

Бузалковски е првиот Македонец кој доби понуда да учествува на ваква трка од светски размер.

Навистина е огромна чест кога знаете дека сте во тим кој ќе настапува на светски шампионат. На легендарната трка „24 часа Ле Ман“ да го видиме Македонското знаме е навистина чест, но и голема одговорност. Мојата цел ќе биде да се прилагодам на моторот со кој што ќе возам, и секако да се квалификувам на најтешката трка на светот. Подготовките веќе се во тек, и се надевам дека се ќе биде како што треба, изјави Бузалковски.

Годинава трката ќе се вози на 14/15 јуни и ќе биде 93-то нејзино издание.

Подготвено од М.Д.

About Author