
25.03.2025 Скопје
Доматите во Бугарија поскапеа за 700 oтсто, а граѓаните купуваат „на парче“.
Според анализата на Институтот за пазарна економија, најмногу поскапеле зеленчукот и лебот, а најмалку поскапеле рибата и морските плодови. Минка Карајасенова, која 10 години продава на пазарот во Асеновград, јасно се сеќава на цените од „старите добри времиња“.
„Краставицата беше 1 лев, 1,50 – ако беше со врвен квалитет, зелената салата – 80 центи, а доматите – по 60 центи! Сега? Краставицата оди и до 5 лева, доматот достигна рекордни цени – од 4 до 5 лева! Причината? Инфлација, повисоки кирии за тезги (скокнаа 4 пати!), а работниците веќе не сакаат да работат за ситни пари! Порано луѓето си ги полнеле кесите со домати, краставици и зелена салата, сега купуваат по неколку парчиња – буквално по едно парче!“, вели Минка.
Подготвено од М.Д.