NBA-BOSTON

21.03.2025 Скопје

Актуелниот НБА-шампион Бостон Селтикс ќе биде продаден за рекордна сума во историјата на лигата – 6,1 милијарди долари.

Купувач ќе биде компанија предводена од Вилијам Чишолм, која дејствува со поддршка на приватниот инвестициски фонд „Sixth Street“.

Претходно е објавено дека одлуката на семејството Граусбек да го продаде клубот би можела да биде поттикната од зголемените даночни казни за луксуз и внатрешни финансиски спорови. Семејството Грусбек го купи Бостон во 2002 година за 360 милиони долари.

Клубот е основан во 1946 година. Бостон е 18-кратен шампион во НБА.

Оваа сезона тимот е на второто место во Источната конференција со 50 победи во 69 натпревари. Следниот натпревар на Бостон е на 22 март на гости кај Јута.

Подготвено од М.Д.

About Author