kovid 19 vakcina

07.03.2025 Скопје

Германската биотехнолошка компанија BioNTech и нејзиниот американски партнер Pfizer незаконски ја користеле заштитената интелектуална сопственост на Модерна во развојот на вакцината против Ковид и мора да и платат компензација, одлучи германскиот суд.

BioNTech и Pfizer ги прекршиле патентните права на Модерна при развивањето на вакцина против Ковид-19, пресуди во средата судот во Дизелдорф и мора да ѝ платат соодветна компензација. Пресудата вклучува и барање BioNTech и Pfizer да дадат информации за профитот од користењето на патентот.

„Модерна со седиште во САД поднесе барања за информации и отштета поради прекршување на нејзините патентни права во развојот на вакцина против Ковид-19. Регионалниот суд во Дизелдорф пресуди во корист на Модерна“, рече портпаролката.

Обвинетите компании тврдеа дека Модерна ја одобрила употребата на патентот во соопштение за печатот во октомври 2020 година. Дозволата, тврдат тие, важела до 5 мај 2023 година, кога Светската здравствена организација (СЗО) објавила дека коронавирусот повеќе не е закана за јавното здравје.

Судот, сепак, утврди дека Модерна ја повлекла лиценцата во соопштението за печатот издадено на 7 март 2022 година. Затоа, според судот, германската BioNTech и американската Pfizer ќе треба да плаќаат за користење на патентот 14 месеци по одземањето на лиценцата, а не само од мај 2023 година.

Германскиот суд допрва треба да ја одреди висината на обесштетувањето на Модерна. Pfizer и BioNTech имаат право на жалба.

Подготвено од М.Д.

About Author