bankomat

26.03.2025 Скопје

Бројот на банкомати во Белгија следната година ќе биде зголемен поради притисокот на потрошувачите и препораките на Европската централна банка, објавија локалните медиуми. Се планира постепено враќање на бројот на банкомати на 5.000, колку што биле во 2019 година. Во последниве години во Белгија, каде што секој трговец има ПОС терминал, значително е намален бројот на банкомати и филијали на банки.

Просечно причините за овој чекор беа честите грабежи на банкомати и трговски објекти, чувањето готовина, како и зголемената употреба на банкарски апликации преку мобилни уреди. Организации за заштита на потрошувачите повеќе од еднаш истакнаа дека промените им отежнуваат на постарите луѓе кои се навикнати готовина и не користат електронски банкарски уреди.

Новата цел на властите е до 2030 година да обезбедат пристап до банкомати за секој граѓанин на пет километри од неговиот дом. Масовното воведување на електронските плаќања се сфаќа како мерка против „сивата економија“, но неодамна белгиските власти ги предупредија луѓето да чуваат и готовина во случај на катастрофа што може да влијае на снабдувањето со електрична енергија и пристапот на интернет поради зачестените саботажи против електрични и телекомуникациски мрежи.

Подготвено од М.Д.

About Author