
12.03.2025 Скопје
Фудбалерите на Интер, Баерн Минхен, ПСЖ и Барселона се пласираа синоќа во четвртфиналето во Лигата на шампиони.
ПСЖ допатува на гостувањето во Ливерпул со негатива од еден гол, но преку Дембеле во 12 минута го израмни вкупниот резултат (1-1), а откако до крајот на регуларните 90 минути и двете продолженија на „Енфилд Роуд“ мрежите мируваа, францускиот првак го елиминираше премиерлигашот на пенали со 4-2. Во пенал серијата, голманот на ПСЖ, Донарума, ги одбрани удари на Нуњез и Џонс и го однесе ПСЖ меѓу осумте најдобри екипи сезонава во Лигата на шампиони.
Во германската пресметка, Баерн со вкупен резултат од 5-0 го елиминираше Баер Леверкузен, триумфирајќи вечерва на гостински терен со 2-0 со головите на Кејн (52 минута) и Дејвис (71).
Интер, исто така, со две победи над Феенорд обезбеди пласман во четвртфиналето, совладувајќи го холандскиот тим во Милано со 2-1, откако и на првиот натпревар во Ротердам триумфираше со 2-0. Турам (11) и Чалханоглу (51) вечерва ги постигнаа головите за италијанскиот тим, додека Модер беше стрелец на голот за Феенорд во 42 минута.
Претходно пласман во осминафиналето обезбеди Барселона која со 3-1 ја совлада Бенфика на домашен терен и со вкупен резултат 4-1 го елиминираше португалскиот тим.
Подготвено од М.Д.