
28.03.2025 Скопје
Адидас се рекламираше на лажен и недозволив начин тврдејќи дека до 2050 година ќе биде климатско неутрална компанија, одлучи Окружниот суд во Нирнберг-Фирт.
Тужбата ја поднесе германската еколошка организација Deutsche umvelthilfe, за која рекламата, која компанијата сега ја отстрани од својата страница, е пример за „зелено перење“.
Адидас не објасни доволно јасно како планира да постигне климатска неутралност, а постои лажен впечаток дека тоа може да се направи само со намалување на штетните емисии на гасови.
Компанијата, всушност, планира да користи сертификати за компензација на емисиите за да ги достигне зацртаните цели, велат од еколошката организација.
„Адидас ги доведе во заблуда клиентите со лажно ветување за наводна климатска неутралност“, рече директорот на Deutsche Umwelthilfe, Јирген Реш.
Адидас објави дека пресудата не бара никакви дополнителни чекори, бидејќи веќе ја смени спорната порака во август минатата година.
„Нашите планови и цели за намалување на емисиите остануваат непроменети“, рече портпаролот на компанијата.
Напредокот, додаде тој, е веќе видлив, бидејќи од 2022 година вкупните емисии, вклучувајќи ги и оние од синџирот на снабдување, се за 20 отсто помали.
Подготвено од М.Д.