penzioneri

21.02.2025 Скопје

Животниот век благо се намалува.  Истражување направено во 20 европски земји, покажува дека резултатите се поразителни.  Од 20 испитани земји, растот на очекуваниот животен век насекаде е намален, освен во Норвешка. Еден од факторите што придонесе за забавување на животниот век е секако пандемијата „Ковид-19“, велат експертите

Најлоши се резултатите за Англија, а потоа следат Северна Ирска, Велс и Шкотска. Како што велат експертите, виновниците се лошата исхрана, физичката неактивност и зголемената дебелина на населението.

Според истражувањето објавено во списанието „Lancet Public Health“, очекуваниот животен век е намален од 0,23 години во периодот од 1990 до 2011 година на 0,15 години во периодот од 2011 до 2019 година.

Подготвено од М.Д.

About Author