
24.02.2025 Скопје
Украинскиот лидер рече дека е подготвен да се повлече доколку тоа значи крај на конфликтот со Русија
Зеленски вели дека е подготвен да поднесе оставка
Украинскиот претседател, изјави дека е подготвен да се повлече заради мирот во Украина или во замена за членство во НАТО.
„Ако мирот за Украина е толку неопходен што барате од мене да ја напуштам функцијата, јас сум подготвен. Можам да го заменам тоа за НАТО доколку таквите услови се исполнат веднаш“, рече Зеленски за време на прес-конференцијата емитувана на каналот YouTube од неговата канцеларија.
Подготвено од М.Д.