policiski-radar-policija-kazni-soobrakjaj-960x680

07.02.2025 Скопје

Засилените сообраќајни контроли на булеварите во Скопје. Контролите се фокусирани на најризичните области со цел намалување на сообраќајните несреќи кои најчесто завршуваат со жртви.

Министерот Тошковски апелираше до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила, да не возат под дејство на алкохол и да не ја надминуваат дозволената брзина на движење. Тој соопшти дека за само една вечер биле санкционирани 360 возачи, од кои 79 за брзо возење, 29 без возачка дозвола, и 4 под дејство на алкохол.

Министерот нагласи дека статистички најмногу сообраќајни прекршоци се поврзани со брзината, и апелираше за поголема сообраќајна култура и безбедност, најавувајќи го и проектот “Безбеден град” како важен чекор за намалување на сообраќајните прекршоци.

Подготвено од М.Д.

About Author