
19.02.2025 Скопје
Нов обид за намалување на цените. Овојпат ќе се делува со две мерки – со едната се ограничуваат маржите од 5 до 15 отсто за 100 групи производи, а со другата се замрзнуваат цените за 8 продукти – за лебот, брашното, киселото млеко, јајцата, маслото. Исто така овие производи кои е констатирано дека се најкупувани ќе имаат маржи од 5 отсто.
Со маржа од 5%
леб
млеко
брашно тип 400 и 500
кисело млеко
јогурт
јајца
масло
Шеќерот, млечни производи, маргарин, путер, грав, конзервиран зеленчук и овошје, газирани сокови, пиво, вино ќе бидат со маржа од 10 проценти, а со 15 дел од свежото овошје и зеленчук, детергенти, средства за хигиена, бебешка храна и друго.
Со маржа 10%
шеќер
млечни производи
маргарин
путер
грав
конзервирана зеленчук
конзервирано овошје
газирани сокови
пиво, вино
Со маржа 15%
Свежо овошје
Свеж зеленчук
Гел за туширање од 250 мл.
Шампони од 400 до 800 мл.
Влажни марамчиња
Тоалетна хартија
Хигиенски влошки
Пелени детски
Бебешки кашички
Сапун и течен сапун
Прашок за перење
Одлуките неделава ќе стапат на сила, а ќе важат до крајот на април. Од Владата велат дека во одлуката има нешто и од предлозите кои ги дале трговците и дистрибутерите со кои се водат преговори веќе неколку дена.
Дали конечно ќе профункционира Законот за нефер трговија за кој прво се остави простор за прилагодување, па потоа немаше казнување, туку само опомени, од Владата одговорија дека за да може да се прават проверки, Комисијата повторно ќе добие засилување, овојпат со осум нови вработувања. Очекувањата и од претходната и од сегашната Влада се со законот да се стави ред во синџирот на трговијата.
Инаку, Владата првично планираше да ги замрзне маржите на 10 отсто на дел од производите, но на тоа се противеа трговците и дистрибутерите, по што што се отворија преговори.
Во меѓувреме, статистика измери нов раст на инфлацијата на која допрва ќе се утврдува дали и како ќе делуваат овие одлуки.
Подготвено од М.Д.