LAJEN

25.02.2025 Скопје

Ова е можно доколку продолжи со реформите со истата динамика и квалитет, потврди претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на прес-конференција. Вели дека процесот на проширување на ЕУ се заснова на заслуги и дека пристапувањето мора да биде корисно и за земјата-кандидат и за Унијата. Таа додаде дека Унијата избегнува да дава точни датуми за членство, за да не создаде нереални очекувања кај другите кандидатки.

„Украина добро напредува и ако продолжи со реформите со оваа брзина и квалитет, можно е да стане членка пред 2030 година“, изјави Фон дер Лајен.

Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа денеска предложи 1 јануари 2030 година да биде официјален датум за пристапување на Украина во Европската унија.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос вети дека ќе ја внесе Украина во ЕУ.

Подготвено од М.Д.

About Author