Orban-and-Vucic-2048x1152

18.02.2025 Скопје

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека очекува до 2026 година да може да патува со брз воз од Белград до Будимпешта и дека ќе биде изграден нов нафтовод Нови Сад-Алгио.

Вучиќ во Будимпешта на прес-конференција со унгарскиот премиер Виктор Орбан рече дека патувањето од Белград до Будимпешта ќе трае 2:40 часа.

“Тоа ќе биде најубавата, најдобрата линија, би рекол, во Европа. Потоа ќе имате Срби од Белград кои ќе дојдат по унгарски гулаш, на ручек на улицата Ваци. Верувам дека ќе привлечеме многу жители на Будимпешта, како и на други унгарски градови, во Белград на улицата Вода и Кнез Михаилова”, рече Вучиќ.

Тој најави и дека ќе се гради нов нафтовод Нови Сад – Алгио.

„Идејниот проект е завршен, сега се прави физибилити студија. Верувам дека наскоро ќе можеме да ги завршиме овие подготвителни работи и да почнеме да го градиме нафтоводот“, посочи тој. Се очекува унгарската страна да инвестира 320 милиони евра на релација Сажаломбата – Алгио – Рошке, а изградбата се очекува да трае три години.

Вучиќ истакна дека Србија се покажала како сигурен партнер и сојузник и во економијата.

„Унгарија ни помогна со складиштата за гас. Доколку немаше складиште за гас во Унгарија, прашање е дали ќе ни беше доволно кога најстудените или најтоплите денови се во Србија“, рече Вучиќ.

Подготвено од М.Д.

About Author