eu struja

21.02.2025 Скопје

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, зборуваше за високите сметки за струја за кои голем број граѓани се пожалија, но и за идните планови за воведување нови броила, како и финансиите кои „се вртат“ во бизнисот со енергенсите.

Граѓаните треба да знаат ЕВН ХОМЕ е побврзан да направи корекциони фактури. Секоја сметка ќе биде фер, гарантирам и врз основа на реална потрошувачка. Никој нема да плати повеќе од тоа колку е проедвидено со тарифниот систем, рече Бислимоски.

Високите сметки за струја меѓу граѓаните создадоа револт, но Бислимоски гарантира дека ЕВН Хоум ќе направи корекциони сметки и дека граѓаните нема да платат повеќе од она што потрошиле согласно тарифниот систем.

Воедно првиот човек на РКЕ најавува и новина кога станува збор за читањето на саттите за потрошувачка на електрична енергија.

Бислимоски открива дека во бизнисот со енеренсите, вклучително и струјата, гасот, нафтените деривати се вратат од 3 до 4 милијарди евра, но и дека  РС Македонија мора да види што ќе прави со енергенси во иднина, зашто геополитичките игри се непредвидливи?

Подготвено од М.Д.

About Author